32.8 C
Skopje
четврток, 14 август 2025

Гвардиола подготвува трансфер-бомба: Голема ѕвезда пристигнува во Манчестер сити

Манчестер сити е блиску до ангажманот на Џанлуиџи Донарума, но раководството на Граѓаните подготвува вистинска трансфер-бомба.

Пеп Гвардиола во својата екипа сака да го има Родриго, а веќе се остварени и првите контакти помеѓу Манчестер сити и Реал Мадрид. Граѓаните се увериле дека Родриго навистина е на продажба, но за него ќе мора да платат 100 милиони евра, сума која воопшто не претставува проблем за нив.

Бразилецот не е задоволен од својот статус во Реал Мадрид и сака да си замине, а кај Кралевите постои расположение за негова продажба, па тој може да биде ѕвездата на овој преоден рок.

- Оглас -

Најнови вести