8.8 C
Skopje
петок, 5 декември 2025

Гвардиола посакува Англија да е светски првак, а не неговата родна Шпанија

Англија има фудбалска репрезентација која на последните неколку големи натпреварувања секогаш е при врвот на фаворити за освојување на златниот медал. Сепак, Англија никако да стигне до тронот. На Европското првенство минатата година загуби во финалето од Шпанија, додека на последното Светско првенство, Англија беше елиминирана во четвртфиналето од Франција.

Сега, Англија ги доби противниците за Светското првенство кое ќе се игра следната година во САД, Канада и Мексико. Гордиот Албион ќе биде во група Л и ќе игра против селекциите на Хрватска, гана и Панама.

Интересно е дека актуелниот тренер на Манчестер сити најави дека ќе навива за Англија на Мундијалот. Гвардиола е Шпанец, неговата родна земја секако е меѓу фаворитите за златото, но стратегот најави дека сака да види како трофејот ќе заврши во Англија.

„Би сакал Англија да троифира на Светското првенство. Тука сум веќе неколку години, дел сум од оваа земја и би сакал да ги видам Томас Тухел и неговите момци да станат светски прваци“, вели Гвардиола.

Англија има само едно големо златно одличје и тоа е од Мундијалот во 1966 година, кога Гордиот Албион на свој терен стигна до планетарниот трон.

- Оглас -

Најнови вести