Само четири дена поминаа во новата 2026 година, а Манчестер сити нареди две нерешени резултати. Откако на 1 јануари одигра без голови на гости кај Сандерленд, вчера пред своите навивачи одигра 1:1 против Челзи во дербито на денот.
Сити водеше со 1:0, но Енцо Фернандес даде гол во 90+4 минута и го спаси Челзи од поразм, што воедно значеше и разочраување на Граѓаните кои останаа без два планирани бодови во битката за титулата со Арсенал.
По 20 одиграни кола, Сити останува на второто место, но сега има шест бодови помалку од лидерот Арсенал. Тренерот на Сити, Пеп Гвардиола е разочаран затоа што неговиот тим не победи, но потенцира дека против себе имале опасен ривал.
„Не се сложувам дека ја загубивме контролата на играта. Да не го примевме голот, немаше да има вакви анализи. Челзи е тим кој ја освои светската клупска титула. Во своите редови немаат играчи од академијата. Тоа се големи професионални. Ние 90 минути имавме контрола на играта против еден таков тим. Во второто полувреме промашивме неколку чисти шанси од петерецот и од позиции од кои може да се погоди. Кога ќе ги реализираме таквите шанси, ќе биде подобро“, рече Гвардиола, кој не заборави да потенцира дека Манчестер сити има големи проблеми со повредените играчи и дека само уште се зголемува бројот на играчи од академијата кои мора да се приклучат на првиот тим.

