Менаџерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола, на прес-конференцијата пред реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Копенхаген изрази мислење дека мечевите во ЛШ се сè потешки и потешки.
Утре Граѓаните треба да се пласираат во четвртфинале бидејќи на првиот дуел во Данска како гости победија со 3-1. Гвардиола, кој има три титули во ЛШ, две со Барселона и една со Сити, мисли дека сега нивото на ова натпреварување е многу повисоко отколку порано.
„Кога бев во Барселона во првите години си мислев: ОК, ќе стигнеме барем до полуфинале. Сега да стигнеш до полуфинале во ЛШ е многу тешко. Тимовите се подобри, како и тренерите. Но, на крајот сепак подобриот тим секогаш продолжува понатаму”, кажа Гвардиола.