Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, го предупреди својот тим да не го потценува Плимут кој се бори за испаѓање од Чемпионшип, во нивниот дуел од ФА Купот овој викенд.
Плимут веќе оствари сензационална победа против Ливерпул, го елиминираше и Брентфорд, па Гвардиола не сака да стане уште една жртва на аутдајдерот во ФА купот.
„Плимут е тежок противник, очекувам тежок натпревар. Можеби немаат индивидуална класа, но се бранат добро, агресивни се напред. Сакаме да се пласираме во осминафиналето на ФА Купот. Ќе ни направат проблеми ако не бидеме сконцентрирани“, изјави Гвардиола.