Гвардиола: Секој натпревар во Премиер лигата е како финале

Манчестер сити вчера му го нанесе првиот пораз на Ливерпул во Премиер лигата со конечните 2-1 на „Етихад“. Актуелниот англиски шампион на тој начин ја оживеа трката за титулата, па сега три екипи се борат за посакуваната титула, меѓу кои разликата е само шест бода.

По мечот, Пеп Гвардиола потенцираше дека за неговата екипа секој првенствен натпревар е како финале за нив, а особено е задоволен од настапот на своите фудбалери во „Мечот на сезоната“.

„Едно ќе беше јасно, ако загубевме, трката за титулата ќе беше практично завршена. Но, се изборивме за посакуваниот резултат, па борбата за врвот повторно оживеа.  Сезонава конкуренцијата е многу посериозна, неколку екипи посакуваат да бидат први по крајот на шампионатот. За нас секој нареден меч е како финале, мора да победуваме што повеќе за да ја одбраниме титулата“, истакна Гвардиола, а потоа додаде:

„Горд сум на своите фудбалери, но не само по она што го направија вчера, туку за целиот труд во изминативе 16 месеци. Притисокот врз нас беше голем против Ливерпул, но покажавме како треба да се носиме во вакви ситуации“, заврши шпанскиот стратег.

По 21 средба во Премиер лигата, Ливерпул е на првото место со 54 бода, Сити има 50, додека третопласираниот Тотенхем заостанува само два бода. Во следното коло „црвените“ на Јирген Клоп гостуваат кај Брајтон, додека „граѓаните“ на свој терен ќе го пречекаат Вулверхемптон.

- Оглас -

Најнови вести