Гвардиола: Сон ми е да предводам репрезентација на Светско првенство

Менаџерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола, во интервју за ЕСПН откри дека има голема желба еден ден да биде селектор и да ја предводи репрезентацијата на Светско првенство.

„Кога ја започнував тренерската кариера не размислував за освојување на титули, да триумф во Лигата на шампините, туку дека е добро штом имам работа. Бо сакал во еден момент од кариерата да го доживеам и тоа искуство, да водам репрезентација на Светско на Европско првенство или пак на Копа Америка. не знам дали за пет, за 10 или за 15 години ќе се случи тоа, но навистина би сакал да водам репрезентација на Светско првенство“, откри Гвардиола.

Тој не потенцира која репрезентација сака да ја предводи.
„Не знам кој би ме посакал за селектор. За да бидете селектор, мора да ве сакаат баш вас, како што е во клубот“, додава Гвардиола.

Актуелниот договор на Гвардиола со Манчестер сити истекува во 2025 година, но засега не размислува за иднината туку само за оваа сезона, а во интервјуто откри дека чувствува дека има многу противници кои сакаат да ги оспорат неговите успеси.

„Кога сте на врвот сите сакаат да ве симнат од него. Ако го погледнете мојот случај со Барселона, сакаа да ги преземат сите заслуги за успесите. Еднаш зборуваат дека победувавме поради парите, другпат поради Меси и соиграчите, а потоа кога заминав во Баерн велеа дека тој тим секогаш победува. Мислам дека е нормално што има сомнежи во вашата вредност и квалитети. Ривалите сакаат да ве победат, а критичарите да ви ја намалат вредноста“, вели менаџерот на европскиот и англиски шампион.

- Оглас -

Најнови вести