Гвардиола во Порто го пронајде новиот голман на Манчестер сити

Англискиот премиерлигаш Манчестер сити е сериозно заинтересиран за 25-годишниот голман Диого Кошта со цел да изврши големи промени во голманскиот кадар – можеби најголеми од почетокот на ерата на Пеп Гвардиола.

Проблемите со повредите на првиот голман Едерсон оваа сезона му дадоа повеќе шанси на Стефан Ортега Морено, но германскиот голман сака да стане прв избор во некој друг врвен европски клуб.

Сепак, мала е веројатноста тоа да се случи во Манчестер сити, без разлика дали Едерсон ќе остане или ќе замине. За Ортега веќе има интерес од клубови како Баер Леверкузен и Нотингам форест.

Во меѓувреме, Едерсон е поблиску до заминување. Минатото лето веќе покажа сериозен интерес да се пресели во Саудиска Арабија, но тогаш понудите не ја достигнаа проценетата вредност на Сити од 50 милиони фунти.

Сега ситуацијата е поразлична – Манчестер сити активно работи на негов наследник, а според последните информации, нивната главна цел, Диого Кошта, начелно се согласил на трансферот. Манчестер сити ќе треба да плати околу 60 милиони евра за негов ангажман.

- Оглас -

Најнови вести