Гвардиола за Де Бројне: Големите играчи играат најдобро на големата сцена

Кога Кевин де Бројне е на терен и во форма, на Манчестер сити му е полесно да победува, така беше и синоќа на гостувањето кај Копенхаген, Граѓаните со победата од 3-1 ширум си ја отворија вратата за влез во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Де Бројне имаше гол и две асистенции. Белгиецот долго паузираше поради повреда здобиена на самиот почеток на сезонава, а откако се врати на терен, Сити има седум победи на седум меча.

„Кевин е неверојатен. Големите играчи покажуваат што знаат на големата сцена. Сега е време на вистината. Задоволен сум од резултатот, знаеме што им се случи на Баерн и на Манчестер јунајтед на овој стадион“, рече менаџерот Пеп Гвардиола.

Инаку дури 80% од головите на Де Бројне во Лигата на шампионите се во нокаут-фазата (12/15), што е најголем процент од кој било играч со 5+ голови.

- Оглас -

Најнови вести