Жирона ја прескона Барселона на табелата во Ла Лига (Видео)

Фудбалерите на Жирона славеа со 2:0 на гостувањето кај Лас Палмас во 33-тото коло во Ла Лига и се искачија на второто место на табелата.

Жирона по 22-та победа сезонава има 71 освоен бод, додека Барселона има бод помалку, но и натпревар помалку кој ќе го игра в понеделник против Валенсија.

Победата за Жирона ја обезбедија Давид Лорез и Артем Довбик со головите во 26-тата и 57-та минута.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести