Гвардиола загриза за „новиот“ Бускетс, но има конкуренција од Баерн

Неуспехот да ги ангажира Жоржињо и Тијаго Алкантара, Пеп Гвардиола остана дефицитен на позицијата последен играч за врска во средниот ред, позиција на која диригира Фернандињо. Шпанскиот стратег бараше долгорочна за искусниот Бразилец, а се чини дека конечно ја најде во Мадрид.

Гвардиола се интересира за Родри од Атлетико, шпанскиот играч за врска кој ја игра првата сезона во дресот на „јорганџиите“ откако го напушти Вилјареал пред почетокот на оваа сезона. Со игрите кои ги покажува Родри, најмногу наликува на Серхио Бускетс од Барселона, фудбалер кој стана светска класа со помош на Гвардиола, кој првпат му даде шанса да игра за првиот тим на Каталонците.

Сепак, Сити не е единствениот тим кој се интересира за услугите на Родри, и Баерн Минхен го посакува во своите редови. Откупната клаузула е 70 милиони евра, сума која и Сити и Баерн можат да си ја дозволат.

- Оглас -

Најнови вести