Гвинеја во 98-та минута ја исфрли Екваторијална Гвинеја од АКН (Видео)

Селекцијата на Гвинеја обезбеди пласман во четвртфиналето на Африканскиот куп на нации откако во осминафиналето славеше над Екваторијална Гвинеја.

Гвинеја славеше со 1:0 и тоа со гол постигнат во осмата минута од судиското продолжение во второто полувреме.

Човек на одлука беше Мохамед Бајо кој го искористи центаршутот на Ибрахим Дијакате и ја смести топката во противничката мрежа.

Гвинеја во четвртфиналето на Африканскиот куп на нации ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Египет и Конго.

 

- Оглас -

Најнови вести