Хабиб Нурмагомедов прогнозираше кој би ја добил тепачката помеѓу Ибрахимовиќ и Лукаку (Фото)

Одамна не се случило некој вербален дуел на двајца фудбалери да предизвика толкаво внимание на светската јавност како синоќешниот помеѓу Ромелу Лукаку и Златан Ибрахимовиќ, многумина жалат што не дојде и до тепачка помеѓу тие двајца „ѕверови“, па затоа се прават анкети што би било кога би било и кој би победил во евентуалната физичка пресметка.

Светскиот првак во ултимејт фајт во лесна категорија, Русинот Хабиб Нурмагомедов, е на страната на Златан.

Легендата Хабиб, кој кариерата ја заврши без пораз, има добар пријателски однос со Златан и затоа му даде поддршка, како што и Ибра го поддржуваше Хабиб пред борбите.

- Оглас -

Најнови вести