Хабиб се налути и порача: Само дајте ми локација каде да дојдам

Хабиб Нурмагомедов, непобедливиот шампион во УФЦ во лесна категорија, вели дека нема шанси да се уплаши од Тони Фергусон и дека ќе се бори, иако вчера беше најавено дека борбата ќе биде одложена. Хабиб објасни дека тој сега е во Русија и дека нема да може да стигне во САД бидејќи летовите се одложени, а границите затворени.

„Колку што сум запознаен со ситуацијата, од УФЦ му бараат нов противник на Тони Фергусон. Тоа е така затоа што јас сум во Русија, каде што нема авионски летови за САД. Ние си заминавме од САД затоа што ни беше речено дека 99 отсто борбата ќе биде во Абу Даби“, објасни Хабиб, по што следуваше провокативен одговор од Американецот дека  Нурмагомедов се плаши и затоа не сака да има борба.

Само по 24 часа од најавата дека нема да има борба, Хабиб се појави со друга порака. Рускиот борец најави дека е подготвен за борба и само чека да му кажат каде треба да се појави во рингот.

„Во овој момент да ми испратат локација и ако ми дозволат излез од Русија, ќе дојдам во која било земја. Не е важно дали ќе биде во САД, Абу Даби или каде било, 100 отсто сум подготвен и ќе се борам. Само испратете ми ја локацијата“, вели Хабиб, кој додава дека поради одложување на борбата, и тој ќе загуби многу пари и дека не може да ги разбере луѓето кои велат дека Русинот се уплашил кога тој е подготвен да се бори.

Засега останува неизвесно дали ќе има ново шоу во УФЦ или пандемијата со Коронавирусот ќе го одложи и овој спектакл.

- Оглас -

Најнови вести