Не им е пишано, официјално одложена борбата Хабиб – Фергусон!

Долго очекуваната битка за титулата на УФЦ во лесна категорија помеѓу шампионот Хабиб Нурмагомедов и Американецот Тони Фергусон беше одложена поради пандемијата од Коронавирус. Двобојот беше планиран за 18 април.

Битката помеѓу Тони и Хабиб се одложува дури по петти пат. Тие требаше да се сретнат за првпат во 2015 година, но Нурмагомедов се повреди. Година подоцна Фергусон се повреди. Во 2017 беше направен трет обид, но Нурмагомедов имаше вишок килограми, а преклани Фергусон се здоби со повреда на ногата.

Пред неколку дена Русинот рече дека е во областа Дагестан, од каде што потекнува, и алармираше дека не може да патува во САД. Според Фергусон, титулата на Нурмагомедов треба да му биде одземена.

„Изнервиран сум. Тој имаше шанси да дојде во САД пред да се затворат границите во Русија. Човекот не сака да се тепа. Реков дека ќе го избришам подот со него и испари. Исплашен е, затоа бега. Треба да биде лишен од титулата”, рече Фергусон.

- Оглас -

Најнови вести