Хабиб со порака: Волкановски е следниот што ќе биде „задавен“ од Махачев

Некогашниот светски првак Хабиб Нурмагомедов повторно е главен на УФЦ сцената откако неговиот пријател од детството, Ислам Махачев, стигна до шампионскиот појас. Махачев со „давење“ во втората рунда го совлада Чарлс Оливеира, што беше негова 23-та победа во 24-тиот дуел во кафезот.

Веднаш по таа победа над Оливеира, се најави дека следната борба на Махачев ќе биде против Александар Волкановски. Фајтерот од Австралија е со македонско потекло и досега во УФЦ има биланс од 25 победи и само еден пораз.

Волкановски го викаат и „Александар The Great“, по Александар Македонски. Се очекува борбата меѓу Волкановски и Махачев да се случи во февруари 2023 година во Австралија. Хабиб Нурмагомедов е убеден дека неговиот пријател Ислам Махачев ќе го победи Волкановски.

„Го победивме Оливеира и сега нашиот план е јасен. Треба да одиме во Австралија и да се бориме против Волкановски. Знам дека Махачев ќе победи. Ислам ќе го здроби Волкановски со колената, ќе му ја одземе целата енергија и ќе го задави. Јас на овој начин ја прогнозирам борбата“, рече Хабиб.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести