Хачанов до Циципас: Ако сакаш да го победиш Ѓоковиќ, јави му се на Медведев и советувај се со него!

Рускиот тенисер Карен Хачанов даде духовит одговор на прашањето како мисли дека Стефанос Циципас би можело да го изненади Новак Ѓоковиќ во финалето на Отвореното првенство на Австралија.

Србинот е голем фаворит за победа во големото финале и за враќање на првото место на АТП-листата.

„Можеби Циципас треба да му се јави на Медведев. Медо е единствен играч од нашата генерација кој добил гренслем-финале против Новак. Ете тоа е мојот совет до Циципас, пренесете му“, рече Хачанов со насмевка на лицето.

- Оглас -

Најнови вести