Борусија Дортмунд победи со 4-2 против Хајденхајм и сега европскиот вицепрвак е привремен лидер на бундеслигашката табела со 7 бодови по три одиграни меча.
Борусија тргна силно, по 17 минути водеше со 2-0 против тимот кој во првите две кола победуваше без примен гол. Во првото полувреме Карим Адејеми имаше два гола и една асистенција. Но, Хајнденхајм не се предаде, намали на 2-3 во 74-та минута. Домашните победата ја осигураа дури во судиското продолжение кога Емре Џан погоди од пенал.
Дортмунд цели 20 години дома нема загубено меч кој се играл во петок. Имаат низа од 37 петочки мечеви во кои или победуваат или ремизираат.