Хајдук го победи Динамо, па се пофали: Имаме доволно членови за да наполниме дваипол стадиони

Хајдук во првото коло од хрватското првенство го победи најлутиот ривал, Динамо, и тоа на гости во Загреб, отако успеа да направи комплетен пресврт и да слави со конечни 2-1.

Атмосферата во Сплит веќе зоврива и се очекува полн стадион на дуелот од второто коло против Ријека. Од Хајдук се пофалија на социјалните мрежи дека после победата против Динамо стигнале речиси до 80.000 членови, а тоа значи дека ќе им бидат потребни дваипол стадиони како “Пољуд“ доколку сите одлучат да дојдат на стадион.

За таа цел ги повикаа сите кои планираат да го гледаат во живо дуелот против Ријека на време да си резервираат билет. Доколку останат билети, тогаш тие ќе бидат пуштени во слободна продажба.

- Оглас -

Најнови вести