Најлудата лига во Европа: На три кола до крајот, дури седум екипи со шанси за титулата

Најголемиот дел од европските фудбалски првенства се во финишот и се чека распетот за тоа кој ќе стигне до шампионскиот пехар. Во многу првенства ќе биде неизвесно до самиот финиш, но никаде не е како во Полска.

Уште три кола има до крајот, а дури седум екипи имаат шанса да стигнат до тронот, па го доби епитетот за „најлуда“ лига. За тоа колку е непредвидливо ова првенство потврдува и фактот дека во последните пет сезони имало дури четири различни прваци.

Јегиолонија е лидер на табелата со 56 бодови, пред Сласк кој има два бода помалку, а Чех е трет и заостанува четири бодови зад лидерот. Погок и Горник се на четвртото и петото место со по пет бода заостанување, а шестата Легија заостанува шест бодови зад лидерот. Со теоретски шанси за титулата е и Раков кој е на седмото место и доцни седум бода зад лидерот и тоа на три кола до крајот на првенството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести