Хајдук од Сплит кој се бори за титула во хрватската лига, повторно се обидува да го донесе 38-годишниот Един Џеко.
Според турски „Фанатик“, Хајдук исто како и лани, испратил понуда до Фенербахче за напаѓачот на кој договорот му истекува на крајот од сезоната, што значи дека сега може да преговара со клубовите кои го посакуваат. Хајдук му нуди едногодишен договор со опција за продолжување на уште една сезона.
Џеко е капитен на Фенербахче и еден од најважните играчи за стручниот штаб на тренерот Жозе Мурињо. Тој постигна 14 голови на 27 натпревари оваа сезона.
Трансфермаркт неговата вредност ја проценува на 2,2 милиони евра.