Сплитскиот Хајдук објави дека го ангажирал Франсиско Фереира, или попознат само како Феро, кој за популарните Били ќе игра како позајмен играч од Бенфика до крајот на сезоната.
За 24-годишниот португалски стопер ова е втора позајмица по ред од Бенфика, откако лани, исто така во јануарскиот преоден рок се пресели во Валенсија и одигра три меча во Ла Лига.
Во Хајдук го одбра дресот со број 97 како симбол за годината 1997 во која е роден.
Сега повторно е на кратка позајмица, а интересно е што постигна гол за Бенфика во драматичниот двомеч со Динамо Загреб во нокаут-фазата во Лигата на Европа во сезоната 2017/18.
Тогаш вечниот ривал на Хајдук победи на „Максимир“ со 1:0, идентично по 90 минути беше и на „Луж“ во Лисабон, но за Бенфика, па се играа продолженија.
Феро го постигна вториот гол во реваншот во 94.-тата минута, клучен за пласманот на Бенфика во осминафиналето, а по дополнителните 30 минути Португалците славеа со 3:0 и го елиминираа Динамо.
Феро ги има минато сите младински селекции на Португалија и беше најавуван како голем талент, но сè уште нема играно за А селекцијата на својата земја.