Имате ли грам чесност?, прашуваат од таборот на хрватскиот гигант Хајдук по одлуката на Хрватскиот фудбалски сојуз јуниорите на Динамо Загреб да бидат шампиони наместо сплитските Били.
Одлуката е чудна бидејќи шампионатот беше прекинат поради пандемијата со ковид-19, а до тој момент Хајдук имаше два бода повеќе од Динамо, подобра гол-разлика и подобар меѓусебен биланс.
ХНС се обиде да се консултира со УЕФА, но оттаму дојде одговор решението да биде исклучиво донесено во Федерацијата, која го прогласи второпласираниот тим за првак и Динамо ќе игра во Лигата на шампионите.
Единствено што оди во прилог на тимот чиј тренер е Гоце Седлоски е што имаше одиграно еден меч помалку од Хајдук.