Хајдук за првпат во историјата има тренер кој не е од Европа

Сплитскиот Хајдук и официјално го назначи наследникот на Џенаро Гатузо. Нов тренер на сплитските „бели“ е Гонзало Гарсија, тренер кој е роден во Уругвај, но има и шпанско државјанство.

Гарсија минатата сезона беше на чело на Истра, па откако раководствата на двата клуба се договорија, тој следната сезона ќе се обиде да ги оствари шампионските амбиции на клубот. Хајдук за трансферот на 41-годишниот тренер плати 530.000 евра, а тој потпиша договор до 2028 година.

Уругваецот ќе биде прв тренер во 114-годишната историја на Хајдук, кој не е од Европа.

Четириесет и едногодишниот Гонзало Гарсија освен во Истра, бил тренер и на Арука и Твенте, додека во играчката кариера настапувал за младинските категории на Реал Мадрид, Алкоркон, Херенвен, Гронинген…

- Оглас -

Најнови вести