Ерлинг Халанд не делуваше многу разочаран што не ја доби Златната топка за фудбалер на годината, знаеше дека не е добитник на наградата иако според многумина, ја заслужи со своите голови за Манчестер сити.
Како и секогаш кога е година со Светско првенство, предност доби најдобриот поединец кај освојувачот на Мундијалот.
Норвежанецот дури вечерва се огласи по повод осмата освоена Златна топка на Лионел Меси. Тој објави фотографија од Меси со наградата и напиша на шпански јазик „Честитки Лионел Меси“ и емотикон со аплаузи.