Ерлинг Халанд дефинитивно е еден од најпопуларните фудбалери сезонава, а тоа му создава еден необичен проблем на регион во Шведска. Се работи за регионот Halland, кој остана маргинализиран поради името „Haaland“. Иако во спелувањето буквите не се исти и се разликуваат, сепак овој регион речиси и да се „загуби“ во интернет-сферата.
Тоа е така затоа што дури и правилно е да се напише Halland, самиот Гугл пребарувач прво дава 20-тина слики од фудбалерот Haaland, и тоа во дресови на Салцбург, Ливерпул и Сити, а дури потоа може да се забележи по некоја фотографија од областа во Шведска.
Џими Сандберг, кој е директор на туризмот Visit Halland е револтиран затоа што ниту корисниците на интернет не ги разликуваат двете имиња, тоа на фудбалерот и ова на реонот во Шведска.
„Ние сме Halland, а тој е Haaland. Почитувани навивачи од целиот свет, ние имаме проблем. Популарноста на Ерлинг Халанд и правописните грешки моментално на интернет го ‘гушат% нашиот омилен регион Халанд. Затоа навивачи ве молам, вратете ни го нашиот хаштаг. Ако нешто не се преземе, се плашам дека нашата омилена област е во опасност да биде заборавена како Атлантида, место кое е познато само во древната историја и светите записи“, потенцира Сандберг.
Можеби Сандберг малку повеќе претерува со споредбата со Атлантида, но факт е дека областа Халанд, во која има 300.000 жители, сè повеќе оди во заборав. Оваа област во Шведска е позната по убавите плажи, а не по головите кои ги постигнува Халанд.