Халанд ќе го напушти Манчестер сити?

Напаѓачот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд, размислува да го напушти клубот, тврди шпанскиот „Ел Насионал“.

Според овој извор, 24-годишниот напаѓач е разочаран од последните резултати на тимот, што може да го натера да ја смени средината. Иако има долгорочен договор до 2034 година, Сити би можело да се соочи со тешкотии да го задржи норвешкиот голгетер ако тој реши да замине.

Пари Сен Жермен и Баерн Минхен се подготвени да достават понуди за Халанд, кој и покрај својот долгогодишен договор, би можело да побара нов предизвик.

Во последниот период Халанд претрпе повреда на глуждот во четвртфиналниот натпревар од ФА купот против Борнмут (2-1). Според менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола, напаѓачот ќе биде надвор од теренот за период од пет до седум недели.
Оваа сезона Халанд има одиграно 40 натпревари за Манчестер сити, постигнувајќи 30 гола и четири асистенции.

- Оглас -

Најнови вести