Халанд: Гвардиола ми кажа дека ако се повредам играјќи за репрезентацијата, ќе ме убие

Ерлинг Халанд на прес-конференцијата пред пријателскиот натпревар на кој Норвешка ќе игра против Чешка жали што нема да биде учесник на Европското првенство летово, иако тоа ќе значи поголем одмор за него.

„Убаво е да се игра за својата земја. Календарот се прави да има што повеќе натпревари, а тоа носи ризик од повреди и од намалување на квалитетот. Пред да дојдам, единственото нешто што ми кажа Пеп беше дека ако не се вратам здрав во Манчестер сити, ќе ме убие. Мислам дека не сум се опуштил летно време уште од кога играв во Молде. Но, секако, посакувам да играв на Европското првенство“, изјави Халанд.

- Оглас -

Најнови вести