Халанд испиша историја во Премиер лигата: Постигна 100 гола, а одигра само 94 натпревари

Норвешкиот интернационалец Ерлинг Халанд влезе во историјата на Премиер лигата, како фудбалер што најбрзо успеал да стигне до 100 гола во англиската фудбалска елита. Тој го постигна стотиот гол на денешниот натпревар меѓу Манчестер сити и Брајтон на „Етихад“, откако реализираше пенал во 11-тата минута.

Халанд успеа да стигне до „стотка“, а одигра само 94 натпревари во дресот на Граѓаните. Тој е првиот во историјата на кого му успеа да постигне 100 гола, а да не одигра најмалку 100 натпревари во Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести