Халанд, Мбапе или Меси, еден од нив тројца ќе биде најдобар на светот во изборот на ФИФА

Ерлинг Халанд е фаворит за освојување на признанието The Best (Најдобар), кое го доделува ФИФА за фудбалер на годината, а во гласањето учествуваат селекторите и капитените на сите светски репрезентации, плус новинари и навивачи (сите учествуваат со по 25 проценти во вкупниот број на поени).

Норвежанецот има огромна заслуга што Манчестер сити годинава ги освои Лигата на шампионите, Премиер лигата и ФА купот, беше и Златна копачка, па би требало да ја добие наградата.

Финалисти се и Килијан Мбапе и Лионел Меси, па меѓу нив тројца ќе се води битката.

Сепак, за разлика од Златната топка, која ја доби по осми пат, Меси тука не е фаворит бидејќи не се смета Светското првенство во Катар, а без тој успех, Аргентинецот имаше скромна година, дури и изненадување дека е меѓу тројцата најдобри.

За фудбалерка на годината, најдобри се Аитана Бонмати, Џенифер Ермосо и Линда Каиседо.

Најдобрите за 2023 ќе се прогласат на 15 јануари во Лондон.

- Оглас -

Најнови вести