Халанд можеби е машина за голови, но во финалиња никаде го нема

Норвежанецот Ерлинг Браут Халанд е еден од најдобрите напаѓачи на светот последните години, но тој како да „исчезнува“ во финалните натпревари.

Денеска Халанд по осми пат во кариерата играше финале, а и понатаму нема постигнато гол. Освен тоа, на шест настапи на легендарниот „Вембли“ во Лондон, Халанд истотака не знае за погодок.

Очигледно е дека оваа сезона и самодовербата му е падната на ниско ниво. Денеска во финалето на ФА купот беше досуден пенал за Манчестер сити, а Халанд бегаше од одговорнота и шутот од белата точка му го препушти на Омар Мармуш кој не даде гол и се претвори во еден од трагичарите на Сити.

Многумина аналитичари го критикуваа Халанд, сметаа дека Норвежанецот мораше да го шутне пеналот. Но, тој промаши три од последните седум шутеви од 11 метри и реши да „побегне“ од одговорноста и да потврди дека не е човек за големи натпревари. Не само во финалиња, тој и во полуфиналиња нема дадено гол, серијата без гол во финале или полуфинале му е 11 меча по ред.

- Оглас -

Најнови вести