Напаѓачот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд, изјави дека неговиот тим игра „катастрофална сезона“ и го изнесе своето мислење што не беше во ред оваа сезона.
Тимот на Пеп Гвардиола ја загуби титулата во Премиер лигата, во Лигата на шампионите испадна во осминафиналето од Реал Мадрид, од Лига купот беше елиминиран од Тотенхем, а единствената шанса за трофеј ќе ја има во ФА купот, каде што во финалето ќе се соочи со Кристал палас.
Халанд смета дека неговиот тим оваа сезона не одиграл доволно добро.
„Може да се бараат изговори за сето ова, повреди, многу повреди и тоа во лоши моменти. Но, на крајот, не игравме доволно добро“, изјави напаѓачот на Манчестер сити.
„Ја немавме онаа потребна глад за победи во нас. Јас не бев доволно добар, не му помогнав доволно на тимот. Клубот постави високи стандарди, летвичката е поставена многу високо и тоа значи дека оваа сезона е катастрофална. Тоа ви кажува сè. Следната сезона мораме повторно да го најдеме тоа нешто во стомакот, да ја нападнеме сезоната“, истакна Ерлинг Халанд.