Норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд, не размислува за заминување од Борусија Дортмунд пред да го симне Баерн Минхен од тронот во Бундеслигата. Ова го тврди неговиот татко Алф-Инге Халанд, и потсетува дека неговиот 20-годишен син има договор со Борусија до 2024 година.
После седум кола сезонава, прв стрелец во германската лига е Роберт Левандовски со 11 гола, Халанд има 6, но Норвежанецот има подобар процент на реализација на шансите. Откако дојде во Дортмунд, Халанд има 27 гола на 29 меча, и не размислува да си замине, туку предизвик му е да освојува трофеи со Милионерите.
„Логично е што многу клубови се интересираат за него, многу се пишува за заминување, но тоа се нагаѓања без темел. Ерлинг има договоро до 2024, среќен е, и не му паѓа на памет да оди во друг клуб. Желба му е да го симнат Баерн од врвот“ – вели Алф-Инге Халанд.