Напаѓачот на Манчестер сити и норвешката репрезентација, Ерлинг Халанд, зборуваше за шансите на неговата репрезентација да го освои Светското првенство.
Норвежаните се беспрекорни досега во квалификациите за СП 2026, ги добија сите четири меча и на пат се да обезбедат директно учество на Мундијалот.
„Норвешка никогаш нема да го освои Светското првенство. Ако се квалификуваме, тоа би било како да сме станале светски шампиони. Тоа би била најголемата забава досега. Забавата во Осло би била неверојатна“, вели Халанд.
Голгетерот сепак остави минимална шанса за чудо, иако не верува дека тоа може да се случи.
„Шансите на САД и Норвешка да бидат светски прваци? Не сакам да бидам оној што вели дека САД никогаш нема да го освојат Светското првенство. Еве ќе кажам дека шансите на САД да го сторат тоа се 1%, а Норвешка има 0,5%“, изјави Халанд за американски „Тајм“.