35.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Халанд пишува историја, постави рекорд за најбрзо постигнати 50 гола во Премиер лигата (Видео)

Ерлинг Халанд му донесе водство на Манчестер сити на големото премиерлигашко дерби против Ливерпул од 1-0, а за Норвежанецот ова е прв гол во дуелите против Црвените и вкупно 50-ти погодок во Премиер лигата, што го прави рекордер за најбрзо достигнување на таа бројка.

На Халанд му требаа само 48 меча за да дојде до 50-тиот погодок. Досега рекордот беше на Енди Кол кој 50-тиот гол го даде на својот 65-ти настап.

Инаку, Халанд сега има дадено гол против 20 различни клубови од Премиер лигата, не дал гол само против Брентфорд.

 

- Оглас -

Најнови вести