Ерлинг Халанд се пофали со новиот автомобил со кои пристигна на последниот тренинг. Ферарито кое е во жолта боја е дури третиот автомобил што Халанд го купува откако го продолжи договорот со Манчестер сити. Вкупно во луксузната колекција на голгетерот ова е осми автомобил.
„Ѕвездата на Манчестер сити е снимен како влегува и излегува од клупскиот тренинг камп со жолт кабиолет Ферари 812 Суперфаст, кој може да достигне брзина и до 340 километри на час. Тоа е еднакво на максималната брзина што може да ја достигне формула 1 болидите. Иако никој не очекува да го искористи максималниот потенцијал на своето Ферари, ова возило може да развие брзина од нула до 100 км на час за само 2,9 секунди“, пишува Дејли Мејл.
Новото луксузно возило има вредност од околу 380.000 евра. Пред само два месеци, Халанд купи и Бугати Турбилон, кој е еден од само 250-те во цел свет. Колекцијата автомобили на Халанд вклучува и Мерцедес АМГ, Ферари Монца СП2, Ролс-Ројс Кулинан, Рејнџ Ровер Спорт, Ауди РС6 Авант Кватро, Порше 911 GT3.
Откако го продолжи договорот со Сити, Халанд добива неделна плата од 500.000 фунти (околу 600.000 евра). Кога ќе го одработи целиот договор, Халанд вкупно ќе заработи 247 милиони фунти, односно околу 292 милиони евра.