Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд призна дека неговата форма во последно време не е на посакувано ниво. Норвежанецот треба да биде еден од лидерите во екипата на Сити, но актуелниот англиски првак веќе два месеци е во криза, со што се потврди и по поразот на гостувањето кај Астон вила со 2:1. За Сити ова беше девети пораз во последните 12 меча, во кои Граѓанните имаат само една победа.
Халанд постигна само еден гол во последните шест натпревари во сите натпреварувања, што ја разниша самодовербата на 24-годишниот фудбалер.
„Прво се гледам себеси и не сум доволно добар. Не давам гол по моите шанси и морам подобро. Едноставно не сум доволно добар. Секако дека самодовербата не е на високо ниво. Знаеме колку е важна самодовербата и можете да видите дека недостатокот на самодовербата има вилијание кај сите. Не смееме да се откажеме, мораме да останеме позитивни, иако е тешко“, изјави голгетерот на Сити.