Халанд продолжи каде што застана лани, Дортмунд го доби најмладиот асистент во историјата (видео)

Борусија Дортмунд со убедливи 3-0 против Менхенгладбах најави дека ќе даде сè од себе да му ги помати сметките на шампионот Баерн Минхен во одбрана на титулата.

Милионерите го добија најмладиот асистент во историјата на Бундеслигата, Џуд Белингем со само 17 години и 82 дена му намести гол на Рејна за 1-0 во корист на домаќините во 35-тата минута.

https://streamable.com/9cbisc

Во остатокот од средбата на двапати стрелаше Ерлинг Халанд, прво од пенал во 54-тата минута, а потоа и во 77-та минута поставувајќи го конечниот резултат.

- Оглас -

Најнови вести