Поранешниот холандски репрезентативец Весли Снајдер упати жестоки критики кон Едуардо Камавинга по елиминацијата на Реал Мадрид од Лигата на шампионите.
Поразот од 4:3 од Баерн Минхен остави горчлив вкус кај навивачите на Реал, но за Снајдер главниот виновник е францускиот играч за врска, кој доби црвен картон (два жолти) во завршницата од натпреварот.
Снајдер ја опиша постапката на Камавинга како непромислена и „глупава“, додавајќи дека другите фудбалери на Реал требало да го повикаат на одговорност во соблекувалната.
„Камавинга е глупчо. Знаете што требаше да направат играчите на Реал по последниот свиреж? Требаше да влезат во соблекувалната и да го истурат гневот врз него“, изјави Снајдер.

