Халанд се вмешува во трката за Златната копачка

Норвежанецот Ерлинг Браут Халанд со преминот во Борусија Дортмунд се вмеша и во трката за Златната копачка во Европа бидејќи сега еден негов гол се вредува со 2 поени, за разлика од погодоците кои ги даваше во австриското првенство, додека настапуваше за Салцбург, тие му вредеа 1,5 поен.

Лидер во трката за Златната копачка во моментов е Чиро Имобиле од Лацио, кој има 50 поени (25 гола во Серија А). Зад него се Роберт Левандовски од Баерн и Тимо Вернер од Лајпциг со по 44 поени. Четврти е Кристијано Роналдо, кој за Јувентус даде 19 гола, што му носат 38 поени.

Во топ 5 влегува и Халанд, кој исто така има 38 бода. Играјќи за Салцбург, Халанд имаше 24 поени, а сега за Борусија само во три кола собра уште 14 поени. Ако продолжи да дава по 2-3 гола на секој меч, младиот Норвежанец ќе биде закана за првата позиција на Имобиле.

Лионел Меси од Барселона, кој ја освои Златната копачка во минатата сезона, има 28 бода и моментно е на 10 место.

- Оглас -

Најнови вести