Халанд одигра меч за историја, даде четири гола за само 32 минути

Најголемата надеж во светскиот фудбал, Ерлинг Браут Халанд уште еднаш го потврди својот вонсериски талент и квалитет. Тинејџерот кој денеска ја доби наградата „Златно момче на Европа“, како најдобра фудбалска надеж на континентот, вечерва блесна во дресот на Борусија Дортмунд.

Халанд одигра меч за памтење откако за само 32 минути даде дури четири гола, во победата на Борусија на гости кај Херта со 5:2. Милионерите на полувремето губеа со 1:0, но во вториот дел се случи шоу на норвешкото чудо од фудбалер. Со два гола за две минути (47 и 49 минута), Халанд направи пресврт и донесе водство на Борусија од 2:1. Хет-трикот го комплетираше со погодокот во 62 минута, што значи дека во рок од 15 минути даде три гола.

Гереро се „вмеша“ со погодок за 4:1, а откако Херта намали на 2:4, повторно Халанд погоди и тоа по четврти пат во само 32 минути во второто полувреме, за конечни 5:2 за Борусија Дортмунд.

 

- Оглас -

Најнови вести