Халанд: Уживам во работата со Гвардиола

Норвешкиот репрезентативец Ерлинг Халанд, игра фантастично сезонава во дресот на Манчестер сити за кого постигна 26 гола во натпревари, и според напаѓачот вината за одличните игри лежи во одличните соиграчи и тренерот Пеп Гвардиола.

„Првиот дел од сезоната беше фантастичен за мене, околу себе имам фантастични играчи и уживам во работата со менаџерот Пеп Гвардиола. Но, не се само тренерите и соиграчите, лекарите од Манчестер Сити ми помогнаа да го „поправам“ своето“, вели Халанд.

Првиот официјален натпревар за Манчестер сити, во Комјунити шилд, не помина добро за Халанд, но како започна сезоната во Премиер лигата, Норвежанецот стана вистински страв и трепет за противничките голмани. На 14 натпревари даде дури 20 гола, седум повеќе од Хари Кејн кој е втор на листата на најдобри стрелци, а во Лигата на шампионите даде шест гола во групната фаза.

„На почетокот имав мали проблеми, но сега се чувствувам подобро. Задоволство е да се работи со сите луѓе во клубот, а јас сакам да напредувам. Сè уште сум млад и сакам да станам уште подобар“, додава Халанд.

- Оглас -

Најнови вести