Халанд за вечера на Миконос потрошил дури 500.000 евра, оставил бакшиш од 30 илјади

Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд, својот летен одмор го минува на грчкиот остров Миконос, а според грчките медиуми, 20-годишниот Норвежанец за една вечера со пријателите во елитен ресторан, за 5-6 часа престој, потрошил неверојатни половина милион евра.

Норвежанецот во Дортмунд зема годишна плата од 8 милиони евра, па реши на Миконос да се релаксира.

Халанд и друштвото испиле четири шишиња „Кристал винтиџ“ шампањ, а едно шише чини 70.000 евра. На крај, екстремно дарежливиот Халанд на келнерите и останатите вработени во ресторанот, за услугата која ја добиле од нив, им оставил бакшиш од 30.000 евра.

- Оглас -

Најнови вести