Халанд е „гол-машина“: зад себе ги остави Меси, Роналдо, Мбапе, Левандовски, Кејн…

Манчестер сити претрпе убедлив пораз со 5:1 на гостувањето во Лондон од Арсенал, со што само се потврди констатацијата дека Граѓаните сезонава нема да имаат шанса да се борат за одбрана на титулата.

Арсенал водеше на полувреме со 1:0, а на почетокот на вториот дел Ерлинг Халанд израмни на 1:1. Тоа како да ги налути Топчиите кои до крајот на средбата се распукаа, постигнаа четири погодоци и на крајот се радуваа на убедлив триумф.

Иако Сити загуби, Халанд со голот што го постигна, испиша историја. Норвешниот голгетер стигна до бројката од 250 погодоци во професионалната кариера, што е рекорд за играчи кои настапуваат во 21 век.

За Халанд ова беше 313 настап и веќе стигна до 250 голови. Со овој биланс, тој ги надмина постигнувањата на најголемите ѕвезди на денешницата. Лионел Меси до 250 погодоци стигна во 327 натпревари, на Килијан Мбапе му беа потребни 332 натпревари, Хари Кејн до 250 голови стигна во 430 натпревари, додека на Кристијано Роналдо и роберт Левандовски им беа потребни по 451 натпревари да стигнат до 250 погодоци во прифи кариерите.

- Оглас -

Најнови вести