21.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Халанд збесна кога судијата го прекина нападот по кој Сити можеше да победи (Видео)

Манчестер сити и Тотенхем одиграа феноменален натпревар кој заврши 3:3, а домаќините беа понервозни што не победија. Сити водеше со 3:2, кога Дејан Кулушевски израмни, но Граѓаните се обидуваа да постигнат и четврти гол.

Во судиското надополнување Сити тргна во брз контра напад, топката дојде до Ерлинг Халанд кој беше фаулиран, но напаѓачот на Граѓаните веднаш продолжи и ја додаде топката напред каде Грилиш имашт отворен пат кон противничкиот гол.

Сепак, тогаш се слушна свирчето на главниот судија, кој реши да досуди фаул за Сити наместо да почитува предност и едноставно ја сопре акцијата по која актуелниот шампион можеше да постигне погодок за победа.

На крајот резултатот остана 3:3, а Халанд беше посебно гневен на судијата кој немаше чувство да почитува предност во клучниот момент.

По завршување на дуелот, Халанд дури и пцуеше.

https://twitter.com/i/status/1731381109311615297

- Оглас -

Најнови вести