Халилхоџиќ доби „шамар“ од најголемата ѕвезда на Мароко – Нема намера да разговара со него

Вахид Халилхоџиќ ќе остане на клупата на Мароко откако под голем притисок успеа да се договори со Фудбалската федерација на оваа земја.

Еден од главните услови за да остане селектор е да се помири со репрезентативните ѕвезди коишто беа отстранети поради тоа што, според него, недоволно се залагале за националниот тим. И додека Нусаин Мазрауи и Амине Харит се согласија да се вратат во репрезентацијата, најголемата ѕвезда од Мароко, Хаким Зијех, одбива да разговара со Вахид.

Фудбалерот на Челзи не сака да чуе за стратегот од БиХ, а камоли да преговара за враќање во националниот тим. Но, луѓето од Федерацијата застанаа во одбрана на селекторот.

Мароко на СП во Катар се наоѓа во групата Ф заедно со Канада, Белгија и Хрватска.

- Оглас -

Најнови вести