Халилхоџиќ им се лути на Мароканците: Никогаш нема да им простам!

Босанскиот тренер Вахид Халилхоџиќ, за еден хрватски медиум изјави дека Мароканците му ја „одземале гордоста“ кога го смениле од функцијата на неколку месеци пред Светското првенство во Катар, и тоа е нешто што нема да им го прости.

Мароканците на Мундијалот направија големо изненадување, станаа први полуфиналисти од Африка, но прашање е дали ќе беше така ако ги водеше Халилхоџиќ кој се скара со ѕвездата Хаким Зијеш и не планираше да го земе на СП.

„Тие ми ја одзедоа гордоста. Не можам да го заборавам тоа, ниту да им го простам. Во Катар требаше да биде мое збогување со кариерата како тренер“ – рече 70-годишниот Вахид.

Мароко беше предводен од Валид Реграги, кој ги врати „бунтовниците“ Зијеш и Мазрауи во националниот тим, а му се заблагодари и на Халилхоџиќ како негов претходник кој ја створил оваа силна селекција.

- Оглас -

Најнови вести