Хамбургер и Херта ќе го бркаат последниот билет за Бундеслига со голови во последното полувреме

7179 Станислас Вавринка – Корентин Муте (Ролан Гарос, 12.30 часот)

Вавринка е класа играч, беше и победник на Ролан Гарос во 2015 година, но сега има два проблеми што му даваат шанса на Муте да се надева на подвиг и победа.

Популарниот Стане веќе има 37 години и од март лани до март оваа година не играше тенис, па падна на 257-то место од кое го почнува новиот настап на Ролан Гарос.

Муте ќе ја има поддршката од публиката, бидејќи е домашен тенисер, а има и предност, бидејќи е многу помлад од ривалот и има само 23 години.

И што е важно за него за самодоверба, еднаш веќе успеа да го победи трикратниот гренслем шампион, преклани во Доха со 2:1.

И сега може да освои најмалку еден сет, што би било доволно за меч со повеќе од 37.5 гема.

Предлог тип: >37.5 гема (1.90)

 

7346 Линда Носкова – Ема Радукану (Ролан Гарос, 14.30 часот)

Ова ќе биде дуел на две перспективни тенисерки од кои во иднина се очекуваат гренслем финалиња и титули.

Ема Радукану веќе има една во сениорска конкуренција, а Носкова беше шампионка како јуниорка, токму во Париз, на Ролан Гарос, лани.

Британката е фаворитка во деби настапот на Ролан Гарос како сениорка, откако лани приреди првокласна сезнација кога како тинејџерка на 18 години го освои пехарот на САД опен во Њујорк.

Носкова има само 17 години и е две лета помлада од Радукану, а дека е екстра талент потврди лани во Париз, кога ја преслуша конкуренцијата и победи на јуниорскиот турнир на Ролан Гарос.

За неа тоа е познат терен, во повој циклус мина три квалификациски рунди и се очекува да одигра добро и на дебито во Париз како сениорка.

Носкова може да и парира на Радукану на земјена подлога и нема да биде преголе о изненадување и да победи, а очекуваме интересен меч со над 20.5 гема.

Предлог тип: >20.5 гема (2.00)

 

7169 Бењоа Пер – Илја Ивашка (Ролан Гарос, 16 часот)

Бењоа Пер е еден од најконтроверзните тенисери на денешницата и честопати знае да избувне.

Лани ги критикуваше организаторите на Австралија опен за лошиот третман на тенисерите, а навредливите зборови го чинеа настап на Олимпијадата во Токио.

Францускиот олимписки комитет го казни сурово и го исфрли од олимпискиот тим.

Сепак тениските фанови во Франција реагираат малку поинаку и Пер е миленик на публиката на Ролан Гарос и често си има свој тим на симпатизери кои бучно навиваат за него.

Белорусинот Ивашка има 28 години и е пет лета помлад од Пер и двајцата тенисери за првпат ќе играат меѓусебе.

Илја е подоброрангиран и во нешто подобра форма од Пер, но повеќе му лежат побрзите подлоги, па францускиот ас има шанса за победа. Можеби најдобра варијанта е да се одигра дека ќе има повеќе од 38.5 гема што е наш избор за овој меч.

Предлог тип: >38.5 поени (1.90)

 

1801 Хамбургер – Херта (Германија, Бараж за Бундеслига, 20.30 часот)

Хамбургер ја победи Херта во Берлин со 1:0 со спектакуларниот гол на Лудовит Рејс и има голема предност во реваншот.

ХСВ ќе игра пред своја публика, а има одлични навивачи, па е поблиску од Херта во битката за последниот билет што гарантира настап во Бундеслигата следната сезона.

Хамбургер е во серија од пет победи по ред и ќе сака да го искористи моментот и да ја надигра Херта, екипа што беше главен трагичар во Бундеслигата во сезоната што заврши.

На тимот од Берлин му требаше само еден бод во последните две кола против Мајнц и Борусија Дортмунд за да си обезбеди опстанок, но ги загуби со ист резултат 1:2 и сега е во незгодна позиција.

Резултатот 1:0 е нзгоден за двете екипи и очекуваме нов тврд меч што ќе биде решен со повеќе голови во второто полувреме.

Предлог тип: 2>1 (1.93)

 

1241 Сент Џонстон – Инвернес (Шкотска, Бараж за Прва лига, 20.45 часот)

Сент Џонстон прокоцка два гола предност на првиот меч од финалниот бараж за пласман во Првата шкотска лига.

Тогаш како гости по само 24 минути водеа со 2:0, но дозволија да примат два гола во финишот на возбудлив прв дуел што заврши нерешено 2:2.

Интересно е што играчите на Сент Џонстон имаа дури 31 удар, 24 надвот од голот на Инвернес и 7 директни кон голот на домаќините што го бранеше Риџерс.

Сега се фаворити за да бидат повторно прволигаши, имаат подобра екипа од Инвернес и типуваме дека ќе победат.

Предлог тип: 1 (1.80)

 

- Оглас -

Најнови вести