Косовскиот интернационалец Емир Сахити кој во минатото три сезони играше и за Работнички, од Хамбургер се пресели на позајмица во Макаби Тел Авив.
Германскиот тим се прости од Емир со српскиот збор „брате“. Ова предизвика лавина од реакции меѓу Албанците, а Србите ликуваат и сметаат дека и во ХСВ „знаеле дека Косово е Србија“.
Сахити е роден во Земун, а родителите му се Албанци од Медвеѓа. Детството го мина во Приштина, а од 2015 до 2018 играше за Работнички со брат му Суад.


