Хамилтон, Џејмс, Надал и Левандовски меѓу кандидатите за наградата „Лауреус“

Луис Хамилтон, Леброн Џејмс, Роберт Левандовски и Рафаел Надал се меѓу кандидатите за наградата „Лауреус“ која се доделува за најдобриот спортист на годината.

Светскиот шампион во Формула 1 минатата година ја подели наградата со Лионел Меси, а сега има шанса повторно да биде избран за спортист на годината. Покрај нив, во конкуренциајта се уште Арманд Дуплантис (атлетика) и Џошуа Киприу Чептегеј (атлетика).

Во женска конкуренција се Ана ван дер Брехен (бициклизам), Федерика Бријоне (скијање), Бриџид Косгеји (атлетика), Наоми Осака (тенис), Венди Ренар (фудбал) и Брајана Стјуарт (кошарка).

Во изборот за  најдобар клуб на годината претендираат европскиот првак Баерн Минхен (фудбал), Ливерпул (фудбал), Канзас сити чифс (американски фудбал), ЛА лејкерс (кошарка), Мерцедес петронас (Формула 1) и рагби репрезентацијата на Аргентина.

https://twitter.com/LaureusSport/status/1364532722849509376

- Оглас -

Најнови вести